(Видео) Комична видео честитка за роденденот на ДУИ: Партијата на Али го брани територијалниот интегритет на државата – Софијанова поради ДУИ може да се изјасни како Влаинка

t

Во видео-честитката до Демократската унија за интеграција (ДУИ), проф. д-р Аспазија Софијанова вели дека конечно сега Власите во Македонија можат слободно да се идентификуваат, а во минатото тоа не било така, бидејќи имало опструкции за нивното слободно изјаснување.

Во ДУИ се прават последните подготвоки пред прославата на јубилејот – „20 години на власт“, па во функција на тоа е и видеото, во кое се обраќаат претставници на дел од помалите етнички заедници во земјава.

ДУИ е заслужна и за членството на Македонија во НАТО, за правата на Бошњаците и на Ромите, а во видеото може да се дознае и дека ДУИ го брани територијалниот интегритет на државата. Самка Ибраимовски од ПЦЕР, анализира дека од ДУИ успеале многу, бидејќи ги вработиле своите членови.

Препорачуваме видеото да го проследите во целост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИРАН ПРЕД ПРОМЕНА НА НУКЛЕАРНАТА ДОКТРИНА? Од…

Во услови на зголемени воени тензии на…

По судирот пред Уставниот суд, полската опозиција…

Полската опозиција најави покренување на иницијатива за…

САД предупредија на веродостојна закана од масовни…

Американската амбасада во Москва објави безбедносно предупредување…

ГАЦОВ: АЛТА банка Битола е македонска банка,…

АЛТА банка АД Битола е македонска банка…

Вучиќ: Можеби нема да учествуваме на претседателските…

Александар Вучиќ изјави дека постои можност Српската…