(Видео) Корисно е за една власт да има кризи во нејзино време – Македонија ќе постои додека не дојдат тие од кои земавме кредити

t

Во втората епизода од втората сеозна од Тешки муабети со Милош Милошевски и Јанко Илковски, се зборуваше за пропагандата на власта и фокусот на небитни работи, како на пример настапите на екипата на Инфомакс во Тешки муабети.

Јанко ги кометираше аферите кои Инфомакс ги разоткри во текот на актуелната власт додавајќи дека на власта и е полесно да се одржува во услови на крзиа, бидејќи тогаш владее со страв и така се одржува на власт.

“Во Македонија се направени 400 километри автопат, кои 400 нема ни 40 километри патишта направено. Ама нема кој да провери и си тераат пропаганда. Нема инвестиции од компании ама стигаат дописи јас и ти што сме зборувале тука па како тоа го нарушува раатот на прогресивното граѓанство. Македонија е задолжена, Македонија е на раб на енергетски колапс но се одржува во ред додека не дојдат тие од коишто земавме кредити. Што е конечната цел? Поподатно за една власт е да има во нејзино време војна или криза, затоа што има покомотно владеење. Инфомакс во последните годнини извади афери колку што немало од осамостојувањето наваму. Власта обожава вакви ситуации бидејќи не мора да работи туку посотои општ страв и тоа ги одржува на власт.” – вели Јанко.

“Не ми е јасно дали се ова што го гледаме денеска, поараст на цени и слично, беше добредојдено за да се сокрие вистинската големина на кризата која владе кај нас и дали сега ова со Русија и Украина е само за дефокус на народот. Се држат во состојба на неизвесност и страв.” – рече Милош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ