(Видео) Косово на нозе: По расправија за паркинг, се врати со калашников и испука рафал пред фирма!
Невидена драма ја потресе Пеќ кога маж, револтиран од расправија за паркинг, се вратил на местото со квадбајк и испукал рафал од калашников во воздух! Инцидентот се случил среде бел ден, во среда наутро, на паркингот на една локална компанија и целиот настан бил снимен од надзорна камера.
Според локалните медиуми, конфликтот започнал кога вработените го замолиле мажот да го премести автомобилот. Тој накратко си заминал, но се вратил вооружен, демонстрирајќи насилство кое го шокирало целиот град. По пукањето, избегал од местото, но полицијата го лоцирала и привела веќе следниот ден.
На терен биле пронајдени повеќе докази, а осомничениот бил испрашуван по наредба на обвинителството. Компанијата пред која се случил инцидентот сè уште не дала официјален коментар, а јавноста останува во шок од сè понасилните сцени на улиците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…