(Видео) Косово 10 години не ги екстрадира терористите осудени за петкратното убиство кај Смилковско Езеро, ама сугерира дали Македонија да екстрадира некого или не!
Нема да дозволиме криминално барање на трета земја, која што нема законска основа ниту во меѓународното право, да го отежнува слободното движење на нашите граѓани, изјави денеска косовскиот министер за внатрешни работи, Џелал Свечла, кој е во официјална работна посета на Министерството за внатрешни работи во земјава.
Денес го прашавме министерот дали не смета дека е дрско што Косово сугерира дали Македонија да екстрадира или не екстрадира лице во Србија, но истото Косово десет години не ги екстрадира лицата осудени за петкратното убиство кај Смилковско Езеро.
– Мислам дека за случајот треба да прашате во Министерството за правда, министерство кое го покрива ова поле. Што се однесува до екстрадицијата на нашиот граѓанин по барање на Србија, за тој случај има изјава, се произнел и самиот суд во Република Македонија. Ние сме спремни да разговараме и да работиме и како две соседни земји и како две пријателски земји и нема да дозволиме криминално барање на една трета земја која што нема ни законска основа, ниту законска основа во меѓународното право да го отежнуваат слободното движење на нашите граѓани, рече Свечла.
Денеска министерот за правда, Игор Филков, соопшти дека повторно е поднесено барање за екстрадиција на двете лица кои Косово десет години одбива да ги врати во Македонија, без образложение.
– Потпишав барање за две Алил Демири и Африм Исмаиловиќ осудени на доживотен затвор за тероризам, случајот Монструм односно Смилковско езеро. Барањата се доставени до косовското министерство. За лицата првпат е побарана екстрадиција на 15.03.2013 година, арањето беше одбиено со пресуда на основниот суд во Приштина во 2015 година, отфрлено и од Апелациониот суд на Косово во 2016 година. Екстрадицијата е повтонрно побарана на 05.09.2018, во 2021 година добиено е известување од Министерството на правда за Косово каде екстрадицијата на Демири се одбива, а за Исмаиловиќ нема одговор.
После 6 години повторно бараме нивна екстрадиција, истакна министерот кој објасни дека нема образложение зошто се одбива екстрадицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жител на шарпланинско село во Косово е…
Полицијата на Косово соопшти детали за апсењето…
(Видео) Хаос во косовското Собрание: Пратеничка фрлаше…
Конститутивната седница на Собранието на Косово денес…
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…
Косовски државјанин „летал“ со 220 км/ч на…
Косовски државјанин е лишен од слобода откако…
Во Хрватска е уапсен е градежен работник…
Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…