Објавено на:

(Видео) Кој го довел Градот во состојба да се користат противпожарни возила стари 45 години? Тоа се музејски експонати!

t

Направивме се за да ги подобриме условите за пожарникарите, набавено е и ново противпожарно возило, истакна градоначалничката Данела Арсовска во денешната епизода на “Наше Скопје”.

– “Прво девастирани се противпожарните бригади низ Македонија, имавме сега скоро случај во Тетово каде видовме дека скопските пожарникари помогнаа со сите ресурси кои беа на располагање.

Тие се луѓе кои никогаш не треба да посакате да ви затребаат, тие се херои и се трудат со ресурсите со кои располагаат да ни помогнат колку што можат.

Со колективниот договор добиваат примарен третман, се цени трудот, вечерната работа, сега се на исто ниво со останатите, порано беа регулирани со правилник. Треба да им бидеме крајно благодарни и работиме на тоа да им овозможиме се што е потребно во оваа прва година, а понатаму за пожртвуваноста не треба ни да зборуваме.

Град Скопје има свој кризен штаб и со него раководам јас како градоначалник, во него се вклучени сите инстиуции кои се активираат за време на непогода. Во овој случај ако треба од дома да одиме со кофи со вода ќе одиме со нив оти некој не набавил орема. Не знам кој е тој што може да запре некое противпожарно возило затоа што е старо, а нема на располагање ново. Тие возила се музејски експонати… Прво треба да се постави прашањето како некој го довел градот во состојба да користи возила стари 45 години.”- вели Арсовска.

Следете ја емисијата во живо на слендиот линк: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=notif&v=565633165139631&notif_id=1654455765404816&notif_t=live_video_explicit

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…

Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…

По пет години пауза, од 1 април…

Македонските патници од 1 април 2027 година…

Авион што летал од Германија за Турција…

Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…

Скопјанец снимен како од камион истура градежен…

50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…

Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…

Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…