(Видео) Кој го угаси говорот на Клетников на лајв стримот кај Христијан Мицкоски – вака ли ќе се бориме?!

t

Чудна ситуација се случи на вчерашниот протест пред Владата на Република Македонија против францускиот предлог кога на неколку минути говорот на македонскиот поет Ефтим Клетников воопшто не се емитуваше во етерот на страницата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Клетников во својот говор ги изрази своите изречни анти – ЕУ ставови нарекувајќи ја Унијата Европска блудница.

Oна кое што го приметија граѓаните е фактот што едно младо момче се качи на сцената и се обиде да го прекине говорот на поетот.

Прашањето на граѓаните е дали вака ќе се води борбата за Македонија, со цензура и свиткана кичма за случајно да не се навреди некој.

Говорот на Клетников и тонот беше прекинат од 38 минута па се до крајот и настапот на сцена на друг говорник.

Нецензурираниот говор на Клетников можете да го слушнете на Инфомакс.

Џабе ќе го бришете видеото истото е веќе симнато.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новата учебна година со 300 паралелки помалку…

Македонските училишта во новата учебна година ќе…

Напади, карање и викање: Полицијата интервенирала во…

Повеќе случаи на нарушување на јавниот ред…

Шест активни пожари низ Македонија

На ден 25.08.2026 година, до 13:00 часот,…

Јаневска: Намалувањето на ученичката кошничка е добра…

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска,…

Пожар кај Градско, пренасочени ер-тракторите од Китка

Пожар избил денеска на територијата на Општина…