(Видео) Кој кого нападна на Кардиохирургија: „А1он“ доби снимка од „инцидентот“ помеѓу Јовев и Шокаровски

t

Инцидентот помеѓу кардиохирургот проф. д-р Сашко Јовев и директорот Марјан Шокаровски кој Клиниката за кардиохирургија го пријави во полиција, најверојатно не бил само вербален како што тврдеа од Клиниката, а подоцна и д-р Јовев.

До официјалната електронска пошта на редакцијата „А1он“ стигнаа две видеа од безбедносните камери во ходниците на државната Клиника за кардиохирургија на кои се гледа дека помеѓу д-р Јовев и д-р Шокаровски има повеќе од вербална расправија која сам ја пријави д-р Јовев во полициската станица во Центар.

„Вработен на Клиниката за кардиохирургија, со иницијали С.Ј. денеска, околу 10 часот, прво вербално нападнал медицинска сестра, а потоа физички го нападнал М.Ш. (директор на клиниката)“, информира Министерството за внатрешни работи. Оттаму е известено Јавното обвинителство и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Од Министерството за здравство во врска со инцидентот информираат дека со настанот е запознаен и ресорниот министер Фатмир Меџити, кој побарал совесно и професионално однесување од здравствените работници и нивна посветеност на пациентите.

Кардиохирургот Сашко Јовев во јуни годинава беше разрешен од директорската функција на Клиниката за кардиохирургија. Во првичното образложение за таквата одлука, министерот за здравство Фатмир Меџити кажа дека „повеќе нема да има директори кои седат и спијат по пет или десет години и немаат никаков резултат“, но подоцна откри дека Јовев бил разрешен откако по направена инспекција на Кардиохирургија биле констатирани големи злоупотреби.

Според Јовев причината за неговото разрешување, како што е наведено во решението, се две дежурства во 2022 година за кои не добил согласност од тогашниот министер за здравство.

Д-р Јовев го водеше тимот кој ја направи првата трансплантација на срце во земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Очекувам наскоро конкретизација на проектот со…

По средбите со претставници на Американската финансиска…

Заменик-директорот на ФБИ поднесе оставка една година…

Заменик-директорот на Федералното истражно биро (ФБИ), Ендру…

Трамп го одби иранскиот план за Ормутскиот…

Тензиите меѓу САД и Иран повторно растат…

Арагчи: Иран е подготвен на војна до…

Шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи за…

Мицкоски од Брвеница: БДП порасна 4,3 отсто,…

Македонската економија во второто тримесечје од годинава…