Објавено на:

(Видео) Крвав напад врз родниот град на Зеленски: Дронови погодија трговски центар, најмалку шест мртви и околу 90 ранети – меѓу нив шест деца

t

Најмалку шест лица загинаа, а околу 90 беа повредени во руски напад со беспилотно летало врз трговски центар во Кривји Рог , град во централна Украина. Локалните власти потврдија дека меѓу повредените во нападот врз родниот град на претседателот Володимир Зеленски има шест деца, објави Ројтерс.

Регионалниот гувернер Олександр Ханжа објави на Телеграм дека 21 лице е во сериозна состојба, вклучувајќи едно дете. Заедно со објавата, тој сподели фотографија на која се гледа густ црн чад како се издига над оштетената зграда.

Зеленски: Целен напад врз спасувачите

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го оцени нападот како „целосно циничен и кукавички“.

Тој тврдеше дека втор руски дрон ја погодил истата локација околу половина час по првиот напад, наведувајќи дека целта била да се нападнат припадници на службите за итни случаи кои во меѓувреме пристигнале на местото на нападот.

„Ваквите напади не се ништо друго освен терористички акти“, рече Зеленски на Телеграм и ја повика меѓународната заедница да ја смета Русија за одговорна.

Зголемени воздушни напади

Нападот врз Криви Рог доаѓа во време кога Русија ги засилува воздушните напади врз Украина, додека војната се приближува кон половината од својата петта година.

Во четврток, 17 лица беа убиени во руски напад со балистички ракети врз Киев, главниот град на Украина.

Во исто време, Украина ги засили своите напади врз руска територија, каде што првенствено ги таргетира нафтените објекти и логистичката инфраструктура, обидувајќи се да ја ослабне способноста на Москва да ја продолжи војната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…