(Видео) Кривичен суд за ТВ 24: Кога ќе се определи датум за старт на судењето ќе известиме
Нема да се откажеме се додека не почне судскиот процес и додека не добиеме правда за нашите деца. Ова беше пораката што од денешната блокада повторно ја испратија родителите на загинатите деца во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.
Велат дека одговорност ќе бараат се додека не видат вистинска волја од институциите за брзо и праведно судење.
Mајка на едно од загинатите деца
– Раните ни се длабоки, болката ни е секојдневие. Секое ново одложување е нож во отворена рана. Слушаме изјави дека случајот може да трае 15-20 години. Толку ли треба да чека мајка за да ја чуе вистината за убиството на своето дете. Толку ли треба да чека татко за правда.
Судскиот процес за најголемата трагедија во земјава во која животот го загубија 62 деца, а повредени беа над 200 кој треба да се одвива во Кривичниот суд во Скопје, се уште не е закажан.
Од Кривичен суд за Тв 24 велат дека кога ќе се определи датум, ќе бидеме известени.
– Кога ќе се определи датум за старт на судењето ќе ве известиме
Родителите најавија дека се додека не се добие датум, секојдневно ќе излегуваат на блокади во Кочани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Огнена ноќ низ Македонија: 31 пожар за…
Во периодот од 28 до 29 август,…
ВМРО-ДПМНЕ: Платите за 23 месеци пораснаа за…
Економските резултати најдобро се мерат преку конкретни…
На Исланд референдум за продолжување на преговорите…
Исланѓаните денеска на референдум треба да се…
Утрово мирно на граничните премини, нема гужва…
Сообраќајот на државните патишта во Македонија се…
Трамп: Со Венецуела е постигнат „најголем договор…
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД…