(Видео) Крмов до пратениците: Сите имате одговорност за Онкологија! Сите сте биле на власт!

t

Пратеникот од редовите на Левица, Борислав Крмов, на денешната собраниска седница за формирање на Анкетна комисија за скандалите на Онкологија, истакна дека сите пратеници од сите политички партии во Собранието, со исклучок на Левица, имаат одговорност за случајот со Онкологија бидејќи сите тие, или нивните партии, помалку или повеќе биле на власт.

– „Ова се случувало од 2012 година, што значи сите останати 118 пратеници од останатите политички партии сте одговорни. Во овој интервал, сите сте биле повеќе или помалку на власт од 2012 година. Сите треба да одговарате!

Се создаде општество каде што сѐ е на продажба. И совеста и емпатијата се продава, колеги, во вашето пазарно општество. Се гази преку луѓе и со човечки животи се тргува за ПРОФИТ.

Имаме систем кој не може да ги покрие македонските граѓани, а дознаваме дека тука се лечеле граѓани од Косово. Има пациенти по ходници на онкологија, кои не можат да ја добијат потребната грижа – со тоа почнете да се занимавате, а не да ни држите политички говори.

Нужен е ПРОТЕСТОТ на кој се собира народот пред Владата секој понеделник, за да Владата осети притисок. За жал овој протест не е поддржан од никого во Собраниево, освен од ЛЕВИЦА. Од сведоштвата на луѓето од онкологија се ежи кожата, дури и полицајците кои го обезбедуваат протестот плачеа.“ – истакна Крмов.

Во меѓувреме секој понеделник граѓани протестираат за овој скандалозен случај, на досегашните протести граѓаните маршираа од Владата до ОЈО, од каде бараат правда за починатите и нивните семејства.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот состав на Собранието треба да се…

Мандатот на новиот собраниски состав што беше…

Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во…

На вечерашниот митинг во Кочани, претседателот на…

Јакимовски: Децидно сум против бирање на претседател…

Претседателот на државата, неговата сила и функција…

Ана Брнабиќ избрана за претседател на Народното…

По тридневна расправа за избор на претседател…

СДСМ: Претседател се бира на непосредни избори,…

Остануваме на ставот претседателот на државата да…