(Видео) Крмов: ДУИ и Ахмети се повеќе за интеграција на Албанците во Косово и Албанија, отколку во Македонија
Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, истакна дека посебниот буквар кој е унифициран за образование на Албанците во Албанија, Косово и Македонија, ќе направи дополнителни поделби меѓу младите Македонци и Албанци.
Неговиот став искажан во “Само вистина” го сподели и партијата Левица на официјалната Фејсбук страна.
– НОВИОТ БУКВАР НА ДУИ Е СВЕСНО РАСЛОЈУВАЊЕ МЕЃУ МАКЕДОНЦИТЕ И АЛБАНЦИТЕ
Борислав Крмов за букварот за првооделенци изготвен од Република Албанија.
„Во државата имаме ситуација каде што децата Албанци учат македонски јазик од петто одделение.
Имаше обид да учат од прво одделение што е и најнормална работа, бидејќи македонскиот јазик е СВРЗНО ТКИВО.
Сега имаме ситуација каде дечињата Албанци учат македонски од петто одделение, а албански јазик од прво одделение, но со буквар од туѓа држава.
Доколку ги гледаме изјавите на Али Ахмети, може да забележиме дека тој го користи терминот “нација” мислејќи само за албанската нација, која е распослана на повеќе држави на Балканот, а не за македонската нација.
Демократската унија за интерграција тука е повеќе за интеграција на Албанците од Македонија со Албанците од Албанија и Косово, наместо на интегрирање на Албанците со Македонците во Македонија.”
ЛИНК од видеото
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица до Филипче и Мицкоски: Немаме хипотеки…
Присуството на Левица на јавната трибина „Што…
АФД победи на покраинските избори во Мекленбург-Западна…
Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) извојува победа…
Левица предлага студентскиот оброк да изнесува еден…
Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, на денешната…
Левица гласаше против поддршка за онколошки случаи,…
Изгласан новиот ребаланс на буџетот - нов…
Левица: Три години се крши Законот за…
На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…