(Видео) Крмов: Мицевски молчи за Гаши, а поднесуваше жалби дека се неуставни тие двојазични документи на Џафери
Јас ќе почнам со еден коментар на излагањето на претседателот на Собранието. Ме не ми е многу интересно кога политичарите Албанци се повикани да не ги кршат законите, тие се повикуваат на национализам.
Гаши рече дека го испратил обезбедувањето на аеродром за да ја смири ситуацијата, а тој ја смирувал со пиштол. Гаши не е племенски поглавар, ако размислува етнички, ако дојде да спроведува како претседател на Собрание етничка политика, може веднаш да си поднесе оставка. Се истиснува македонскиот јазик. Имаме непотребни, неуставни знамиња во пленарна сала, а по канцелариите имаме се уште мали знамиња на туѓа држава, тоа се знамиња на Албанија. Гаши го прекрши правилото за антинепотизам, ги продолжи и надгради лошите практики на Џафери, шверцерски практики.
Премиерот ја оцени интрпелацијата како глупава и интересно е, секогаш коа се работи за иницијатива на Левица, секогаш прво се спомнува СДСМ, што значи дека кредито на Левица кога сака да го нападне ВМРО-ДПМНЕ се насочува кон СДСМ оти тие им се пријатели, а силна Левица не сакаат. Тешко се излегува на крај со Левица, со СДСМ не толку тешко.
Да се навратам на двојазичните материјали што ги добиваме од претседателот на Собранието. Прво, барање на мматеријали на македонски не е прекршување на правата на пратениците Албанци бидејќи тие добиваат двојазични дописи, но е наметнување на двојазични дописи на Македонците. Ова е буквално покажување на сила на македонскиот народ.
Колегата Мицевски има повеќе од мене вложено жалби дека се неуставни тие двојазични документи, за сега тоа да не му смета. Колеги Албанци имаат кажано дека тоа редовно силење е заради некои работи кои се случувале во минатото, а тоа не го исправаме со правда, туку со неправда кон македонскиот народ. Албанецот во оваа држава е дефиниран од неговите политички претставници како сеантимакедонец.
Јазикот не е емоција, единствен природнораспространет јазик на нашата територија е македонскиот јазик, затоа шт имате Македонци кои живеат од Дебар до Делчево, не ги донела војска Македонците во Дебар, албанскиот јазик е регионален. Македонскиот јазик мора да остане прв јазик ако сакаме да имаме внатрешна кохезија во држава, а политичкиот проект за изедначување на регионален јазик со јазикот на разбирање на државно ниво, колку сакате да го мачкате со шеќер и да го мотате во обланди останува само политички сецесионизам.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германија очекува нови руски хибридни напади
Германскиот канцелар Фридрих Мерц предупреди дека неговата…
Глобалниот пазар на обврзници под огромен притисок…
Паралелно со геополитичката криза се развива уште…
Иран подготвува многу посилен одговор доколку САД…
Иран се подготвува за поширок и посилен…
Нов удар врз саудиската нафтена индустрија: нападнат…
Нов сериозен напад е пријавен врз клучната…
Сомнежи за бензинските пред новите цени: Имаат…
Граѓаните кои се сомневаат дека одредена бензинска…