Објавено на:

(Видео) Курти им подели баклави на косовските специјалци во Митровица

t

Косовскиот премиер Албин Курти и министерот за внатрешни работи Џељаљ Свечља денеска попладне го посетија северниот дел на Митровица. На раскрсницата меѓу Северна Митровица и Звечан, каде секојдневно поминуваат автомобили и пешаци, Курти ги послужил специјалците баклава и разговарал со нив.

Според објавеното видео по оваа посета Курти и Свечља застанале на неколку места и се ракувале со специјалците.

Слатка баклава за полицајците на северот од нашата земја“, напиша Курти преку Фејсбук.

Тој тврди дека „високата професионална обука е гаранција за спроведување на законот“ и обезбедување јавна безбедност за сите граѓани, без разлика на разликите.

По посетата на Митровица, Курти, како што самиот потврди, отишол во полицискиот камп Белведере во јужниот дел на Митровица.

Дека Курти денеска го посети Северот првично за KoSSev потврди и заменик-командантот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани, без да прецизира други детали, како и самата локација.

Од друга страна, некои медиуми на албански јазик, како и страници од социјалните мрежи – пишуваат дека тој престојувал во северниот дел на Митровица, поточно во населбите Брѓани и Микронасеље.

Сите овие сајтови објавија исти папарацо фотографии од овие места.

Никој од српските функционери на север не се огласил за оваа посета, но на социјалните мрежи има многу коментари од српските корисници со негативни оценки за оваа посета.

Коментарите се особено забележливи со критиките за Српската листа.

Забележан е досегашниот молк на Српската листа и покрај тоа што со години го вперуваа прстот кон премиерот на Косово како единствен виновник за последователните кризи на Северот.

И денешниот молк се споредува со минатонеделната силна негативна кампања – и на теренот и на локалните власти и на оние од Белград – кога пратениците во српскиот парламент го посетија северот на Косово.

„Кога Курти доаѓа да го посети северот на Косово, Србите од српската листа се преправаат дека се мртви. Но затоа кога ќе дојдат опозициските парламентарци на Србија, тогаш се активираат и фрлаат шок бомби“.

Србите денеска го слават Видовдан, а муслиманите Курбан Бајрам.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косовската опозиција: Курти е во мисија да…

Шефот на пратеничката група на најголемата опозициска…

(Видео) Курти им подели баклави на косовските…

Косовскиот премиер Албин Курти и министерот за…

(Фото) Барикади поставени и кај Звечани –…

Првите барикади во Рударе кај Звечани, известуваат…

Курти: Се подготвуваме да аплицираме за членство…

Албин Курти изјави дека по аплицирањето за…

Курти во САД побара американскиот камп Бондстил…

Курти во САД побара американскиот камп Бондстил…