(Видео) Леброн Џејмс одигра како крал, Лејкерс ќе игра за историскиот трофеј во Купот
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс се пласираа во финалето на НБА Купот, откако ноќеска повеќе од убедливо го совладаа Њу Орлеанс пеликанс (133-89) во вториот полуфинален меч од завршниот турнир во Лас Вегас.
„Езерџиите“ за историскиот трофеј во новото натпреварување ќе играат против Индијана пејсерс, која претходно беше подобра од Милвоки бакс (128-119). Лејкерси до победата ги предводеше маестралниот Леброн Џејмс, кој имаше импресивни бројки. Ветеранот натпреварот го заврши со 30 поени со фантастичен шут 9/12 од поле и 4/4 од три поени, на кои додаде осум асистенции и пет скока. Најефикасни кај Њу Орлеанс, пак, беа Треј Марфи со 14 и Зион Вилијамсон со 13 поени.
Индијана, пак, до победата ја предводеа Тајрис Халибартон со 27 поени, 15 асистенции и седум скока и Мајлс Тарнер со 26 поени и 10 скока. Кај Милвоки подобар од останатите беше Јанис Адетокумбо со 37 поени и 10 скока.
Големото финале се игра во ноќта помеѓу сабота и недела по македонски време (2.30 часот) исто така во Лас Вегас, а секој кошаркар од победничкиот тим ќе добие награда од по 500.000 долари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хакиран мејлот на министерот за здравство на…
Необична честитка за неговиот роденден добил министерот…
Димитриевски: Нема пазарење со македонскиот јазик, нема…
Претседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша…
НАРОДНАТА БАНКА НА СРБИЈА ГАРАНТИРА ЗА ПОШТЕНСКА…
Народната банка на Србија (НБС) излезе со…
ДИК усвои заклучок за конечност на резултатите…
Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на седница…
ФОКС ЊУЗ: САД РАЗГЛЕДУВААТ НОВИ НАПАДИ ВРЗ…
Соединетите Американски Држави разгледуваат можност за продолжување…