(Видео) Левица: Облаци црн чад од оџаците на цементарница УСЈЕ – нема реакција од надлежните

t

„Скопје денови наназад повторно е обвиено во чад, смог и магла. Камерата бележи облаци црн чад од оџаците на цементарница УСЈЕ, сцена што граѓаните ја препознаваат, но институциите упорно одбиваат да ја видат. Повеќе од јасно е дека не се работи за стандардни горива. Се гори РДФ – индустриски отпад кој содржи пластика и други деривати, и кој според бројни стручни анализи спаѓа меѓу најканцерогените материјали при согорување. Овој тип отпад е строго регулиран, а во дел од земјите на ЕУ е забранет за горење“ соопштуваат од Левица.

Добивај вести на вибер
Велат „Иронично, токму таков отпад се увезува од земји на Европската Унија и се согорува па не е ни случајно што со години Скопје е на врвот на листите по загаденост и по заболувања на дишните патишта“.

„Додека граѓаните го дишат овој воздух, нема јасни информации, нема транспарентни податоци, ниту итна реакција од надлежните инспекции. Останува прашањето: Дали профитот е поважен од здравјето на граѓаните? Ова видео е уште еден доказ дека проблемот не е „перцепција“, туку реалност што секојдневно ја дишеме“ е ставот на Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рокас: Годинашниот извештај е подобар од претходниот,…

Евроамбасадорот Михалис Рокас оцени дека Македонија во…

Последен пат го направи ова денот кога…

Руското Министерство за надворешни работи повторно им…

Остар пад на Волстрит: Се избриша постизборниот…

Американските берзи забележаа силен пад во четвртокот,…

Сиљановска-Давкова во Брисел се сретна со амбасадорите…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари работна средба со амбасадорите…

Барнам: Путин нема да биде поканет на…

Британскиот премиер Енди Барнам изјави дека рускиот…