(Видео) Левица претстави идеен проект: Ќе изградиме спомен обележје на бранителите загинати во Вејце
Левица ќе изгради спомен обележје на бранителите од Вејце, објавија од партијата од каде на социјалните мрежи споделија проект за изградба на спомен обележјето.
– Ви го претставуваме идејниот проект кој Левица ќе го изгради во Вејце од позиција на власт, во чест и помен на загинатите бранители од Вејце, кои несебично се жртвуваа во војната во 2001 година.
Масакрот од 2001 година во село Вејце останува дел од колективната меморија на Македонците како најголем пораз на државните институции од група на терористи, кои ден денес немаат праведна судска разврска, туку напротив истите тие кои ги направија овие злосторства беа амнестирани и наградени со удобни фотелји.
Делегација на Левица на 28 Април ќе положи свежо цвеќе за сеќавање на жртвата на осуммина припадници на специјалната единица “Волци” кои беа убиени, масакрирани и живи запалени на истиот тој ден пред 23 години.
Проектот го изготви м-р Андреа Јанков, координатор на секторот за Урбанизам и локална самоуправа на Левица. – напишаа од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Владата на Мицкоски доделила државно земјиште…
Партијата Левица остро реагираше на одлуката на…
Левица предлага намалување на работното време од…
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…
Левица објави јавен повик: Секој кој сака…
Левица објави јавен повик за кандидати за…
Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…
Трошоците за живот растат од ден во…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…