(Видео) Лисичани против планот на Муцунски за бетонизација на Лисиче! “Ќе се бориме до крај против овој штетен ДУП”

t

Граѓаните на Лисиче и Аеродром, денеска пред просториите на Општина Аеродром упатија апел до градоналчалникот Тимчо Муцунски и Советот на Општината да се спречи бетонизација на населбата која досега важеше за населба со семејни куќи, без згради и гломазни објекти.

-Се собравме да им кажеме на советниците во Општина Аеродром дека ние не сме метри квадратни, туку сме луѓе и сме против донесувањето на ДУП-от. КОнкретно се работи за ДУП-от ЈИ09 за населба лисиче со кој се предвидуваат повеќе згради долж “12-та Македонска бригада” и Булавер “Србија”. Се предвидуваат и улици кои влегуваат во нашите улици конкретно, изјави Тодор Кацаров кој додаде дека жителите на Лисиче за 72 часа собрале преку 700 потписи во петиција која ќе ја достават до Градот Скопје, градоначалничката Арсовска и Советот на Општина Аеродром и градоначаликот Муцунски.

– Веќе собравме петиција со повеќе од 700 потписи за помалку од 72 часа, петиицјата е доставена до Советот на Град Скопје и до градоначалничката, објасни Кацаров.

Тој упати порака дека во Лисиче нема место за згради, граѓаните сакаатучилишта, паркови и градинки.

Жителка на населбата е загрижена за безбедноста на лисичани токму поради тоа што ДУП-от предвидува градежни активности во близина на гасовод.

-Во населбава живеам 40 години и ова е нон-сенс, најзагадена населба сме, сега уште толку ќе се затвори населбата. Имаме деца и внуци што треба да живеат овде. Кај мене се затвара влезот на улицата, за да си влезам дома треба да кружам цел километар. Ќе имам булевар пред мојата мала улица, за која општината не се грижи што има дупки и раскопан асфалт, но се грижи да не затвори. Јас имам проблем со плуќата, сега со ова ќе не стават во модерен конц-логор, вели госпоѓата.

Друга госпоѓа додаде дека Лисиче нема инфраструктура која може да издржи толкави згради и доселување на голем број на семејства во тие згради.

Академскиот сликар Игор Христов истакна дека Општината се задолжува и тие пари ги враќаат граѓаните, а за возврат на тоа тие заслужуваат да живеат хумано и нивните барања да бидат слушнати.

– За пет милиони евра кредит, кои пари ги врачаме ине и нашите внуци и правнуци, имаме право нас да ни се прави тоа што сакаме, нели паркови и слично, а не да се подготвува бизнисот на некои мафијаши урбани, да се крепи нивниот бизнис и да можат да заработуваат.

Друг жител на Лисиче бара одговор од градоначалникот Муцунски како со овој план ќе се подобри квалитетот на живот на лисичани, како со цемент и железо таму ќе има подобар живот.

Претходно советникот на Левица во Аеродром, Горан Костовски, во Тешки муабети на Инфомакс рече дека според неофицијалните информации на Левица, населбата ќе се бетонизира со околу 30 згради, но засега, во јавноста се актуелни девет од нив и тоа на локација дијагонално од крстот во Лисиче.

Редакцијата на Инфомакс пак, во емисијата МРЕЖА, во неделата објасни како парцелите каде треба да се градат неколку згради согласно предлог ДУП-от, се купени од страна на “Голден Арт”, Роберт Јакимовски и Ивица Јаќимовски кои парцелите ги купиле како земјоделско земјиште, а непосредно потоа со предлог ДУП-от таму се вцртуваат маркички за згради.

Јакимовски и Јаќимовски таму купуваат пет парцели, што може да се провери во Агенцијата за катастар на недвижности, каде на имотниот лист со број 57975 се набројуваат парцелите 2001/3, 2001/4, 2001/5, 2001/6 и 2001/7.

Овие парцели се со вкупна површина од 1.181 метар квадратен, а во околината има и парцели во сопственост на други физички лица и парцели во сопственост на Република Македонија. На дел од овие парцели погоре споменатите можат да добијат право на користење преку таканареченото дооформување.

Членот 17 од Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште предвидува дека градежното земјиште се приватизира од државна сопственост на корисниците на градежното земјиште при што за приватизацијата не се плаќа надомест доколку, меѓу другите услови, земјиштето е стекнато со надомест за дооформување на градежното земјиште. Надоместот се плаќа за дооформување на градежното земјиште, што би значело надомест од некоја минимална сума, во споредба со купување на парцелата.

Од Левица обвинуваат дека градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, сака на сила да го протурка овој ДУП, поради тоа што задолжителната јавна анкета која треба да се спроведе пред донесување на ДУП-от била практично сокриена од јавноста. Анкетата можела да се пополни само во училиштето “Димитар Македонски”, а пополнети се околу 150 анкети.

Редакцијата на Инфомакс постави неколку прашања до градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, на кои за жал не добивме одговор.

Го прашавме Муцунски дали маркичките за девете згради се вцртани за време на неговиот мандат, колку вкупно згради се предвидени со тој ДУП и дали некогаш во својство на градоначалник се сретнал со сопствениците на парцелите.

ЛИНК од протестот на граѓаните на Лисиче

Во продолжение повеќе детали момжете да слушнете во емисијата МРЕЖА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјанец искршил стакла на банка во Аеродром

Вчера во 09:50 часот на подрачјето на…

(Фото+видео) Жителите на Ѓорче бараат суспензија на…

Граѓаните на Ѓорче Петров имаат сериозен проблем…

Левица ги исклучи од членство Бранко Ристов…

Ја информираме јавноста дека Левица го суспендира…

ДПМНЕ шверцерски носи план за зграда од…

Ќе речеш големи домаќини, а тие да…

Во тек е изградба на нова полициска…

Дополнителниот технички заменик-министер во МВР, Митко Бојмацалиев,…