(Видео) Маж ги малтретираше магарињата во скопската зоолошка и јавно се пофали

t

Дали со вознемирување и малтретирање на животни може да станете популарни на социјалните мрежи?

Деновиве уште еден таков случај ја вознемири јавноста, а станува збор за видео на кое се гледа дека посетител ги малтретира магарињата во скопската ЗОО.

Тина Мицковска, заменик-директорката на ЗОО Скопје не ја крие разочараноста од ваквите постапки.

– Ваквите снимки треба да не едуцираат како не треба да се однесува еден возрасен човек, разочарано вели Мицковска.

Таа додава дека иако се ретки инцидентите, тие реагираат.

– Ние секогаш несовесни посетители фатени на дело ги бркаме, а кај оние каде што има и законска рамка пријавуваме во полиција заедно со снимката. Инаку ваквите видеа кога ги споделуваме често влијаат врз многу други да не се осмелат да направат глупост. Затоа се поретки и инцидентите, но и несовесното однесување е многу намалено, а свеста зголемена. За жал ова е еден од начините да се свестат некои несовесни, појаснува Мицковска.
Видеото може да го погледнете и тука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјанец снимен како од камион истура градежен…

50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…

Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…

Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…

Во Скопје посебен сообраќаен режим поради посета…

Посебен режим на сообраќај ќе има денеска…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…