(Видео) Македонец во Украина: Се плашам, луѓето се вооружени, има банди

t

Во најновата епизода на „Тешки Муабети“ во која се разговара со двајца Македонци од Украина. На почеток се контактираше со Игор од Велес, кој во моментов се наоѓа во украинско село во близина на Киев.

На прашање од водителот Милош Мелошевски, за состојбите со храна, тој вели дека во градовите продавниците се затворени, луѓето веќе со денови не се излезени од дома, додека пак во селата ситуацијата била поразлична затоа што имале резерви – „Како преживуваат не знам, се носи хуманитарна помош, но има многу улични банди, што ја би ги нарекол украински хорди. Се подели оружје уште вториот ден, тогаш почнав да се плашам. Се купуваше со алкохол, но подоцна и алкохол забранија. Сега ако те фатат со алкохол може и да те утепаат“.

Тој вели и дека во сите села има територијална одбрана, обични луѓе, на кои им имаат дадено пушки и униформа.

Уредникот Александар Митовски го праша дали е точна информаицјата дека поставените „зелени коридори“ за евакуација се попречувани од страна на овие луѓе, кои учествуваат во териоторијалната одбрана.
Игор вели дека „зелен коридор“ не е навистина безбеден премин за транспорт. – „Тоа е како да се договориме јас и вие, да не пукаме од Велес до Скопје, арно ама, може во моментот нешто да се случи, некој да се испијани или некој трет да пука.“ Тој смета дека зелен коридор треба да биде обезбедуван од ОБСЕ или меѓународно вооружено возило кој ја гарантира безбедноста, како примерот во Босна.

Водителот Јанко Илковски го праша за тоа дали има власт во Укрина, дали чуствуваат дека некој се грижи за народот, на што Игор вели дека народот станал многу агресивен и дека тој веќе се плаши – „Народот беше мирен, но сега е многу ратоборен, многу агресивен. Војската е со многу низок морал. Ќе пукнат две пушки, ќе загинат двајца и одма се предаваат“.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…

Русија тестираше борбен ласер против беспилотни летала…

Припадници на руските единици за радиолошка, хемиска…

Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…

Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…

Калас: Русија планира нови саботажи и напади…

Шефицата за надворешна политика на Европската Унија,…

Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да…

Русија бара каков било изговор за да…