(Видео) Македонија во архивите на ЦИА: Големите сили давале поддршка за обединета Македонија и Балканска Федерација

t

Македонската историја е неколку пати прекројувана, и во Југославија е прилагодена на тој левичарски поглед, немаше детали за Ченто, за Михајло Апостолски, за ВМРО, десничарските фракции и слично, вели во денешната епизода на “Тешки муабети” Филип Петровски.

– Историјата сериозните држави ја ставаат на пиедестал, највисоко меѓу науките.

Големите сили сметале дека го решиме македонското прашање со поделбата на Македонија и Букурешкиот мировен договор, но еве Македонците не се асимилирале, останале жилави.

Ние сме имале отпорност, не сме попуштале, генерално преку ВМРО и левата и десната фракција, десната фракција во 20тите, 30тите години се занимава со атентати, жестоки напади за да го држи македонското прашање отворено.

-Постоеше една структура на луѓе кои со својот инает, упорност и непопустливост го одржаа отоврено македонското прашање, напишал Стојан Христов, објаснува Петровски.

Документ на канцеларијата за стратегиски служби, мајката на ЦИА, за Македонија во 1944 година, има еден документ кој рассветлува еден поинаков однос на политичките гарнитури, на партизаните, на вмровците, на елитата, на борците за македонското прашање и формирањето на македонската држава и борбата за обедунување на македонскиот народ.

– Македонија и федеративното движење на Балканот.

Во овој документ стои еден многу битен елемент, југословенско-бугарско зближување и македонска автономија. Тоа е сега заборавено, се договарало балканска федерација, Југославија, Бугарија и Албанија во една држава со квалитетно решено македонско рпашање. Никој не зборува за оваа книга, никој не зборува за “Илинденски сведоштва”, за “Црните страници на УДБА”, така се контролира масата, аморфна маса, луѓе само во физички облик, не суштествено.

Балканска федерација во сегашноста е активно прифатена од доминантни три од пет балкански држави и ужива поддршка од најмалку една голема сила, тоа претставува за првпат практично политичко прашање од непосредно значење за Америка, цитира Петровски.

Во продолжение делови од книгата:

Постојат некои докази дека Бугарија се согласила да бидат вклучени определени бугарски териториии во оваа идна македонска единица. Помалото дефинирано зближување се појавува меѓу движењата на отпорот. Југословенско-албанските односи во минаотот беа со предрасуди, особено во Македонија. Решение за овој конфликт може да биде Блаканска федерација прифатлива за двете страни.

Федеративното движење е промовирано од групи од советска Русија и вакво решение може да ѝ даде на Македонија излез на Егејско Море.

Турските кругови се јасно проитив јужнословенска федерација британија не е расположена да го поддржи движењето кое ѝ се заканува на Грција, рускиот печат се чини дава поддршка.

Федерацијата го вклучиува повеќегодишното македонско прашање кое во таква автономна македонска единица е разгледувано во состав на предложената јужнословенска или балканска федерација, а границите ги загрижуваат не само балканските држави туку и големите сили кои се заинтересирани за југоисточна Европа и Медитеранот, цитира Петровски кој потенцира дека не секогаш народите на нашите соседни држави и Македонскиот народ биле непријателски расположени.

Во документите се објаснува дека Македонија е зовриен лонец на Балканот.

– Наша прва цел е слободна федеративна Југославија но тоа не е доволно за да се обезбеди мир на Балканот. Следен чекор е Балканска Федерација меѓу Југославија и Бугарија, би ја поканиле и Албанија да ни се придружи, така ќе можеме да ги одбиеме сите напади, вели тогашниот актуелен министер за надворешни работи на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Југославија, кој по потекло е Хрват, а бил и градоначалник на Сплит, инаку по професија е правник.

ЦИА за АСНОМ пишува дека е македонско национално собрание за кое имало многу позитивни ставови и во Југославија и Бугарија.

Петровски додава дека ЦИА констатира дека Македонците се поделен народ и дека Македонците од Пиринска и Егејска Македонија пред 80 години имаат желба да се обединат со Македонците во Југославија.

-Македонскиот лидер Михајло Апостолски, неодамна изјави дека Автономна Македонска Држава ќе ги вклучи и Солун и егејската територија на исток до реката Места. – цитира Петровски уште еден дел од книгата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…

Пендаровски-Османи: Заеднички напори за стабилност во регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, во…