(Видео) Македонија нема ништо против рускиот народ, ѝ даваме оружје на Украина за да се брани, не да напаѓа

t

На прашање на Инфомакс како ја коментира изјавата на портпаролката на руското МНР, Марија Захарова дека испраќањето оружје во Украина е голема грешка на Македонија, министерот за надворешни работи, Бујар Османи вели дека Македонија нема ништо против рускиот народ, ама има против агресијата на Русија во Украина.

Османи на денешната прес-конференција по повод состанокот на земјите членки на А5, истакна дека смета дека билатералните односи со Русија сега не се приоритет, дека најважно е да се обезбеди европскиот и светскиот мир.

– Руската Федерација ги има прекршено насилно, неоправдано, основните принципи на меѓународното право и меѓународното хуманитарно право. Тоа се принципите на европската безбеносна архитектура кои го одржуваат мирот во Европа во последните 70 години и мирот во Македонија. Нашите граѓани уживаат мир затоа што после Втората светска војна е воспоставен меѓународен правен ред и поредок кој спречува државите насилно да ги нападнат соседните држави и оттука нашиот став не е спрема рускиот народ и Русија, туку агресивното однесување на Руската Федерација и на власта во Русија која го загрозува светскиот мир преку рушење на тие принципи врз кои се телеми мирот во светот. И оттука ние не можеме да останеме неутрални, ние не ѝ даваме оружје на Украина да нападне друга држава, ние ѝ помагаме на Украина да се брани, затоа што денеска Украина не ги брани само сопствените граѓани и мир, украинските војници и народ се борат и за нашиот мир и нашите вредноси, ние со фактот дека сме дел од тој систем на вредности во кој доминира почитувањето на суверенитетот, демократијата, човековите права, ние покажуваме дека сме на вистинската страна на историјата и ќе продолжиме така додека е тоа потребно. Билатералинте односи со Русија сега се многу помалку важни отколку загрозувањето на мирот кој е започнат со ова агресивно однесување на Русија кој ја отвара Пандорината кутија за случно такво однесување на други авторитарни држави во светот, вели Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Нема веќе подароци за Украина, само…

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави…

Нивото на водата од браната која пукна…

Нивото на водата во реката Урал кај…

Надворешниот долг на Русија е на најниско…

Според податоците на Централната банка на Русија,…

Путин не отфрла мирно решение на конфликтот…

Русија никогаш не отфрлила мирно решение на…

Вучиќ: Србија не го менува ставот по…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва изјави…