(Видео) Македонскиот армиски тим се огласи од Кахраманмараш – еве каква е состојбата на терен!
Армискиот тим од Македонија, кој се наоѓа во градот Кахраманмараш, непрекинато е ангажиран во активностите за пребарување на теренот.
Војниците работат на пронаоѓање и извлекување на евентуално преживеаните, кои се наоѓаат во рушевините настанати од катастрофалните земјотреси.
-Даваме максимум со надеж дека ќе успееме да спасиме и извлечеме живи луѓе. Остануваме тука се додека е потребно и продолжуваме професионално да ги извршуваме задачите со цел и надеж дека ќе спасиме што повеќе луѓе и да ја покажеме нашата солидарност со Република Турција, велат македонските војници.
Во меѓувреме, дополнителниот армиски состав од 36 припадници од баталјонот за специјални сили обучени за спасување и пребарување во урнатини, денеска во претпладневните часови од касарната „Илинден“ во Скопје замина во Република Турција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Голем пожар во индустриската зона на…
Голем пожар избувна во индустриската зона на…
Нема повеќе да роварат одвнатре – велат…
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија објави…
Денес започнува обврската за зимска опрема
Како и секогаш, и оваа година остануваме…
Кирил Петков: Русија сака да одлучува наместо…
Русија сака да одлучува наместо нас што…
Иран соопшти дека со шест дрона нападнал…
Иранската Исламска револуционерна гарда утринава соопшти дека…