(Видео) Македонците во Грција се будат и се организираат

t

Старите да не заборават, а младите да учат и да не се плашат, нашата борба е демократска и нема ништо протв законите во Грција, се истакнува во пораката на Македонците од партијата Виножито.

И додека актуелната власт на Македонците во Република Македонија им пее евроинтеграциски успивалки, молчи за отворањето бугарски клубови со имиња на личности кои биле непријатели и крвиници на Македонците, во Егејска Македонија е забележливо будење на македонската свест кај Македонците која систематски била потиснувана од тамошните власти.

Летово низ повеќе региони со Македонци во Егејска Македонија, денес во Грција, имаше бројни собири или како што ги нарекуваат панаѓури, на кои Македонците се дружат, зборуваат македонски, пеат македонски песни и ги играат ората на предците.

Македонците во Грција се самоорганизираат, а од неодамна отворија и центри за изучување на македонскиот јазик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Етиопија и Еритреја трупаат војска, расте стравот…

Етиопија и Еритреја распоредиле дополнителни сили долж…

Илон Маск: „Премногу се зборува дека Украина…

Американскиот милијардер и сопственик на компанијата „Спејс…

Путин ја презема одговорноста за нападите на…

Рускиот претседател Владимир Путин призна дека Москва…

Oбид за убиство во гостиварско Чегране

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе…

Димовски: Србија го следи примерот на македонската…

Политичките случувања и протестните движења во Србија…