(Видео) Македонците уринираат на клубот “Ванчо Михајлов”

t

На социјалните медиуми се појави видео од Македонци кои уринираат на бугарскиот културен клуб “Ванчо Михајлов” во Битола.

Клубот претходно беше опожарен од страна на македонскиот пејач Ламбе Алабаковски што предизвика низа бурни реакции во јавноста, најголем дел од нив како поддршка за стореното, меѓутоа на Алабаковски му беше определен притвор кој подоцна беше укинат.

Отварањето на бугарскиот клуб со вакво име предизвика низа полемики во јавноста за тоа дали и кој требало да даде дозвола за основање на ова здружение, по што по предлог на Министерството за правда се формираше посебно тело кое во иднина пред да биде формирано некое здружение ќе проценува дали предложеното име е прифатливо.

Сепак ревизија за прифатливоста на името на Ванчо Михајлов, Цар Бори Трети и така натаму, нема да има.

Политичката партија Левица до Уставниот суд на Република Македонија поднесе иницијатива за онецување на уставноста и законистоста на актот за основање на овој бугарски културен клуб, односно уставноста на самото неговор постоење.

Видеото од Македонците коин уринираат на бугарскиот клуб може да го погледнете на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ