(Видео) Македон завиен во македонското знаме прими златен медал на натпревар во Бугарија

t

Македонскиот математички талент Македон Димитровски оствари уште еден извонреден меѓународен успех, освојувајќи повеќе престижни признанија на натпреварот „Математика без граници“, кој се одржа во Несебар, Бугарија.

Со одличните резултати, Димитровски го освои златниот медал во индивидуална конкуренција, како и Купот за прво место. Дополнително, му беше доделена титулата „Math Star of the Tournament“ („Математичка ѕвезда на турнирот“), а беше прогласен и за апсолутен победник на Купот на градоначалникот на Несебар.

На меѓународниот натпревар по алгебра „Ludovico Ferrari“ освои сребрен медал, а заедно со својот тим се закити и со бронзен медал во екипна конкуренција.

Со овие достигнувања, младиот математичар уште еднаш го потврди својот исклучителен талент, посветеност и континуирана успешност на меѓународната сцена.

Неговите резултати претставуваат значајна промоција на македонската математика и се силен поттик за младите да вложуваат во знаењето и науката

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Загинати и повредени во голем пожар…

Загинати и повредени во голем пожар во…

(Видео) Голем пожар во канадска воена база:…

Вознемирувачки информации пристигнуваат од канадската провинција Алберта,…

Брвеница избира градоначалник

Жителите од десет населени места Општина Брвеница…

СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ТЕТОВО! Побарал пари од…

Триесет и шестгодишен жител на Тетово бил…

Утре до 23 степени, од четврток промена…

Времето утре ќе биде сончево со мала…