(Видео) Маричиќ: Изјавите на ВМРО-ДПМНЕ се неодговорни, можат да ни направат голема штета во односите со Грција
Ако ВМРО-ДПМНЕ не разговара со Грција, тогаш нема добри намери, и ние ќе имаме проблеми.
Ова го кажа вицепремиерот Бојан Маричиќ во „Дејли Клик“ на ТВ21.
„Се покажаа точни моите прогнози дека ВМРО-ДПМНЕ не блефира, и дека не планира да ги направи Уставните измени и да не го почитува Преспанскиот договор. Имаме шанса да се спасиме од ширење на ветото. Имаме вложено многу во изминатите години во креирање на Преспанскиот договор и би била голема штета после се што направивме поради неодговорни изјави, да влеземе во тунел во кој тешко ќе излеземе. Затоа што Грција објективно е далеку помоќна членка на Бугарија и може да направи повеќе штета за нас. Јас сум убеден дека дел од проблемите излегуваат од недоволно знаење во однос на Преспанскиот договор, и од новата власт ќе имаат соодветно време да го проучат и да разговараат. Им советувам да разговараат со грчката страна, ако имаат добра намера, ако не, доволно е да продолжат вака, и уште 2-3 изјави и односите со Грција ќе отидат во друга насока“, рече Маричиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сенатот го усвои крипто-законот кој е поддржан…
Сенатот на САД го усвои Законот за…
Димитров: Преспанскиот договор беше злоупотребен во политичкиот…
„Ми беше јасно дека Преспанскиот договор беше…
Внимавајте: Можно е да има пороен дожд…
Времето денеска ќе биде сончево и топло…
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…