(Видео) Масовни протести во Франција

t

Франција е погодена од бран масовни протести насочени против политиките на претседателот Емануел Макрон. Акциите, кои беа однапред најавени на социјалните мрежи, се одржуваат низ целата земја, а демонстрантите често влегуваат во судири со полицијата, блокираат патишта и палат автомобили.

За време на протестите во ноќта меѓу понеделник и вторник, демонстранти го зазедоа просторот пред Лионската железничка станица во Париз и палеа бакли.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи, досега се уапсени околу 200 лица, информираше актуелниот министер Бруно Ретајо.

Немирите се случуваат во контекст на продлабочена политичка криза. Премиерот Бајру поднесе оставка по предлогот за намалување на социјалните трошоци, а Макрон за негов наследник го предложи министерот за одбрана Лекорња. Сепак, парламентот сè уште нема дадено одобрение за неговата кандидатура.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Полицаец се запали среде протести во…

Полицаец во Франција се запали откако демонстрант…

Франција распоредува 70.000 полицајци по најавите за…

Франција се подготвува за нови протести со…

Франција заплени 68 кг кокаин, информациите ги…

Како резултат на успешната меѓународна полициска соработка…

Речиси 1.000 уапсени по вчерашните протести и…

Речиси 1.000 лица се уапсени откако стотици…

Се урна воен авион во североисточна Франција

Воен авион се урна во вторникот доцна…