(Видео) Маѓар најави враќање на Груевски во Македонија?!
Унгарскиот политичар и лидер на опозицијата, Петар Маѓар, упати порака до поранешниот македонски премиер Никола Груевски, најавувајќи радикална промена во политиката на азил доколку дојде на власт. Маѓар во својот последен јавен настап беше дециден дека Унгарија под негово водство ќе престане да ги штити странските политичари со криминално досие.
„Унгарија нема да биде засолниште за меѓународни криминалци. И тоа не важи само за нив, туку и за г-дин Никола Груевски, поранешниот македонски премиер, кој исто така е осуденик“, изјави Петер Маѓар во разговар со новинарите еден ден откако убедливо го победи Виктор Орбан, на изборите во Унгарија, во видео објавено од Ројтерс.
Во својот препознатлив стил, Маѓар со доза на иронија им порача на политичките бегалци кои во моментов уживаат заштита од владата на Виктор Орбан, вклучувајќи ги и полските политичари Жигров и Романовски, дека нивниот престој во Унгарија е привремен.
Маѓар нагласи дека во духот на европската соработка, сите лица со правосилни пресуди ќе бидат екстрадирани во нивните матични земји.
Тој очекува истиот принцип да важи и за евентуалните унгарски политичари кои би се обиделе да побегнат од правдата во странство.
Оваа изјава доаѓа во време на засилени дебати во унгарската јавност за злоупотреба на институциите за пружање засолниште на сојузниците на Орбан. Маѓар потенцираше дека е неопходно овие лица „да се вратат дома и да се соочат со народот“ за да ги исчистат своите имиња од обвинувањата пред независен правосуден систем.
За случајот на Груевски, кој доби политички азил во Будимпешта во 2018 година за да избегне затворска казна во Северна Македонија, Маѓар е јасен: „Ќе најдеме начин да ги екстрадираме“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кинеските технолошки гиганти нарачале чипови од „Нвидиа“…
„БајтДенс“, „Алибаба“ и „Тенсент“ нарачале повеќе од…
Италија испраќа 500 војници во Милано по…
Италијанските власти планираат распоредување 500 војници во…
Вашингтон го отстранува DeepSeek од државните системи:…
Американското Министерство за домашна безбедност нареди отстранување…
САД ѝ се заканија на ЕУ со…
Американскиот амбасадор во Европската Унија, Ендрју Паздер,…
Турција го испрати во парламент одбранбениот пакт…
Турција го доставила на парламентарна ратификација одбранбениот…