(Видео) Медот од народот е највкусен: ВМРО-ДПМНЕ НЕ ПРИФАТИ НАМАЛУВАЊЕ НА ПАУШАЛИТЕ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА НАДЗОРНИ И УПРАВНИ ОДБОРИ ВО ШТИП
ШТИПСКИОТ СОВЕТ НЕ ПРИФАТИ НАМАЛУВАЊЕ НА ПАУШАЛИТЕ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА НАДЗОРНИ И УПРАВНИ ОДБОРИ
На последната седница на Советот на Општина Штип Македонија, од страна на советникот на Левица беше предложена иницијатива за намалување на најмалку 50% на месечниот износ на финансиски средства кои ги добиваат членовите на Управните и Надзорните одбори во двете Јавни претпријатија „Исар“ и „Стипион 2011“.
„Во време кога сметките за електрична енергија се превисоки, а пред нас е тешка и скапа зима, како советник во советот и претставник на политичката партија Левица, сметам дека е оправдано ние како советници да донесеме одлука за намалување на висината на месечниот паушал на членовите на Управните и Надзорните одбори во двете Јавни претпријатија, кој сега изнесува над 100.000 денари месечно“.
Со оглед на тоа што и двете Јавни претпријатија, своите Статути ги имаат усогласено согласно новиот Закон за Јавни претпријатија, сосема легитимно е Советот на Општината како основач на тие Јавни претпријатија, да донесе ваква одлука.
За жал, ваквата предложена иницијатива на Левица беше игнорирана од мнозинството советници во советот на Општина Штип, што е јасен показател дека старите навики и партискиот комфорт тешко се напуштаат и во време на тешка енергетска криза.
И покрај тоа, Левица и понатаму ќе настојува да најде начин за кратење на непотребните трошоци и да се спротистави на недомаќинско трошење на народните пари.
#ЛевицаЗаНародот
#ЛевицаОдСоветите
#ЛевицаЗаШтип
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПОЖАР ВО СЕДИШТЕТО НА ЦИА: Пожарникари интервенирале…
Пожар избувнал во седиштето на американската Централна…
САД предупредуваат дека украинските напади длабоко на…
Пентагон денеска ги замоли западните земји кои…
КИБЕРНАПАД ВРЗ НАЈГОЛЕМИОТ СНАБДУВАЧ СО ПРИРОДЕН ГАС…
Норвешкиот енергетски гигант „Еквинор“ (Equinor), најголемиот снабдувач…
ПОРАНЕШНИОТ БУГАРСКИ ЦАР СО ПОРАКА ПО СРЕДБАТА…
Поранешниот бугарски цар и експремиер Симеон Сакскобурготски…
НЕОЧЕКУВАН ПОВИК ВО ИЗРАЕЛСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Нетанјаху итно…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, според информации што…