Објавено на:

(Видео) Меси е Бог: На Серена не ѝ се веруваше, Бекам плачеше, а Леброн како дете – снимаше

t

Многу познати личности знаеја дека во петокот навечер најважно да се биде на стадионот на Интер Мајами, па од цели САД долетаа на Флорида за да го гледаат во живо можеби најдобриот фудбалери на сите времиња – Лионел Меси.

Дебито на Аргентинецот ќе се прераскажува уште долго, бидејќи откако влезе во игра во 54. минута му донесе победа на Интер против Круз Азул во натпреварот од групната фаза од Лигата на купот Северна и Централна Америка и тоа со феномеланен гол од слободен удар во 94. минута. Серена Вилијамс не можеше да поверува и истовремено го гледаше голот на телефонот и на теренот. Таа остана во неверување, додека најблага реакција од сите беше онаа на Ким Кардашијан, ријалити ѕвездата која лежеше на фотелја.

Викторија Бекам, пак, знаеше колку голем камен падна од срцето на нејзиниот сопруг, Дејвид Бекам, кој успеа да го донесе Меси на Флорида, па му скокна во прегратка. Таа знаеше колку е важен овој момент. Впрочем, камерите забележаа дека поранешниот капитен на Англија се расплака под наплив на емоции. На натпреварот се појави Леброн Џејмс, а неговата поздравна порака до Меси стана хит на интернет.

Дури и Леброн го фотографираше и виде Меси, исто како и сите други фанови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…

Единицата за насилен криминал – Одделение за…

Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…

Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…

Порше ѝ го продаде својот удел во…

Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…

Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…

Украина и Канада денеска потпишаа голем број…

Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…

Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…