(Видео) Меси и Роналдињо „распалија“ во новата реклама на Pepsi пред Катар 2022
Останува уште нешто повеќе од еден месец до Светското првенство во Катар, второто Светско првенство во историјата кое се одржува во Азија.
Во пресрет на еден од најголемите спортски настани во светот, Pepsi сними нова реклама која користи мотиви на „пустински“ улици и типични муслимански пазари какви што ќе можат да искусат навивачите кои патуваат на Блискиот Исток.
Во рекламата се појавуваат три светски суперѕвезди. Заедно со седумкратниот освојувач на „Златната топка“, Лионел Меси, тука се и Пол Погба од Јувентус и Роналдињо, поранешен играч и еден од најомилените фудбалери во историјата. Рекламата брзо стана вирална, а првите критики се исклучително позитивни.
Pepsi успеа да предизвика носталгија со стариот хит на Фетбој Слим, „The Rockafeller Skank“, кој беше насловна песна во неколку верзии на фудбалската игра на ФИФА, а споменатиот хит долго време се поврзува со фудбалска романса. Рекламата се базира на „nutmeg“, односно протнување на топката низ нозе.
И покрај тоа, во видеото доминираат мотиви кои непогрешливо укажуваат на модерниот фудбал. Постојаното појавување емотикони, социјалните мрежи, рејтингот на ФИФА, појавата на TikTok ѕвезди и други мотиви ни кажуваат дека производителот на газираниот пијалок сакал некако да ги помири новиот и стариот фудбал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владините веб-страници навремено блокирани по заканите за…
Веб-страниците на владата и на министерствата беа…
Мицкоски: Регионалната соработка и создавањето нови можности…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во рамки…
Унгарија разгледува замена на „Росатом“ во нуклеарниот…
Унгарија разгледува можност руската државна компанија „Росатом“…
Германија го подигна нивото на опасност од…
Германските вооружени сили првпат ја оценија заканата…
ММФ предупредува: Војната ја турка економијата на…
Меѓународниот монетарен фонд прогнозира дека економијата на…