(Видео) Мециновиќ: Левица е коректор на моменталната ситуација – Народот се охрабрува и се буди за својата вистинска историја

t

Левица е коректор на моменталната ситуација – Народот се охрабрува и се буди за својата вистинска историја, истакна во днешното гостување во Само Вистина портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ.

– „Левица имаше претставка за забрана на работа на здруженијата „Ванчо Михајлов“ и за „Цар Борис“. Имаме и кривична против претседателот на здружението „Иван Михајлов“ во Битола. Она што е интересно, е тоа што сега јавноста се охрабри, научниците и сите останати да коментираат. Кога се отвораше „Ванчо Михајлов“ не беше ваква галама.

 Сега се охрабрија со „Цар Борис“, затоа што Левица, четири-пет месеци активно, секојдневно преку соопштенија, пресови и два протести направи антифашистички притисок. Во оваа држава многу години, се наѓубрува почвата за да изникне витален фашистички сноп.

 Ние почнавме со криминализирање и со именување на воениот режим како злосторнички. Ние го демонизираме претходното уредување.

 Под тоа руво кое сега стана предмет на контроверзна рехабилитација, тоа се фашистички дејци, фашистички организации, затоа што во Македонија, националното и класното ослободување одат рака под рака.

 Триесет години се води демонизирање на комунистичките режими, но Македонија ја нема таа привилегија да го прави тоа, затоа што ние немаме национална буржоазија, ние немаме кралство во деветнаесеттиот век. Ние сме држава која е етаблирана меѓународно со победата во Втората светска војна, како победник.

 Левица е коректор на моменталната ситуација. Ме радува што јавноста почна да се буди за својата вистинска историја. За значењето на АСНОМ. Морам да искоментирам и дека сега, дури и на политичари од ВМРО-ДПМНЕ, АСНОМ им е идеал, иако, додека беа на власт, АСНОМ им беше последно на листата на приоритети, имаше и музеј на комунистичките жртви. Сето ова доведе до „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис“, таквите здруженија не ни се случија одеднаш.“ – истакна Мецниновиќ.

ЛИНК од видеото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица до Филипче и Мицкоски: Немаме хипотеки…

Присуството на Левица на јавната трибина „Што…

АФД победи на покраинските избори во Мекленбург-Западна…

Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) извојува победа…

Левица предлага студентскиот оброк да изнесува еден…

Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, на денешната…

Левица гласаше против поддршка за онколошки случаи,…

Изгласан новиот ребаланс на буџетот - нов…

Левица: Три години се крши Законот за…

На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…