(Видео) Мециновиќ: Усвоен предлог–законот на Левица со кој се укинува дискреционото право на директорите за вработувања во болниците

t

На денешната седница, Собранието на Република Македонија, во прва фаза, го усвои Предлог-законот поднесен од Левица со кој се укинува дискреционото право на директорите на јавните здравствени установи при вработување, соопштија од Левица.

„Најдобрите лекари ќе се вработуваат во јавното здравство по предлог-закон на Левица, ова е голема победа и мал чекор во масовното иселување на на нашите лекари, ова е чекор кој со децении сите здравствени работници знат дека треба да се преземе. Денеска Собранието донесе важна и исправна одлука која ќе ја поправи рак-раната во јавното здравство. Јавното здравство не смее да биде предмет на клиентелизам, затоа ние предложивме да се укине дискреционото право на директорките на овие институции“, изјави пратеникот и потпарол на Левица, Амар Мециновиќ.

Ова значи дека со овој закон прво рангираниот на листата на конкурсот на јавните инстиуции, работодавецот ќе има обврска да го прими на работа.

„Со ова ќе ги задржиме младите лекари во Македонија и ќе го подобриме јавното здравје. Ќе се почитува стручната и компетентноста кои до сега беа игнорирани. Ова е победа за здравствените работници, пациентите, граѓаните и сите нас“, додава Мециновиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица не ја поддржа изградбата на две…

Советниците од политичката партија Левица на денешната…

Левица предлага државата да ви го врати…

Пратениците на Левица поднесоа Предлог-закон за семејна…

Левица: Прифаќаме преговори, но само во рамки…

Понудата на Мицкоски за учество на опозицијата…

Левица до Филипче и Мицкоски: Немаме хипотеки…

Присуството на Левица на јавната трибина „Што…

АФД победи на покраинските избори во Мекленбург-Западна…

Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) извојува победа…