(Видео) Милионер нокаутирал жена среде улица: Вознемирувачка сцена, ја удрил директно во глава – не можела да стане
Инвестициски банкар нокаутирал жена на сред улица во Бруклин!
Вознемирувачкото видео го прикажува милионерот Џонатан Кеј како ја удира жената со тупаници, поради што таа паѓа неподвижна на улица. Можете исто така да видите дека недалеку од жената има уште едно лице кое се обидува да стане.
На снимката не се гледа што му претходело на инцидентот, меѓутоа, видлива е дамка на грбот на банкарот од некоја течност.
https://x.com/ForsigeNews/status/1800052150921564669
Инаку, Кеј е управен директор на една од франшизите на компанијата за деловни услуги „Moelis & Co“.
„Свесни сме дека еден од нашите вработени бил вклучен во сериозен инцидент во Бруклин. Ние го сфаќаме тоа многу сериозно и спроведуваме истрага“, изјави портпаролот на инвестициската банка со седиште во Њујорк.
Кеј одбил да го коментира случајот. Локалните медиуми јавуваат дека тој живее во луксузна градска куќа со четири спални соби вредна повеќе од четири милиони долари.
Инцидентот се случил во саботата во близина на ЛГБТ бар за време на парадата на гордоста во Бруклин.
Скотланд Јард, да потсетиме, неодамна објави вознемирувачко видео на кое се гледа како насилник пред бар во Лондон му задава смртоносен удар на познат милионер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голема полициска акција: Претреси на над 40…
Криминалистичката полиција повторно е на терен, каде…
АХВ заплени и уништи еден тон пилешки…
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и…
Шефот на бугарската полиција вели дека нема…
Бугарија нема да ја екстрадира 23-годишната Ива…
Франција денес очекува 140.000 демонстранти
Меѓу 70.000 и 140.000 луѓе се очекуваат…
„Гугл“ го одбил барањето на Трамп –…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „Гугл“…