(Видео) Министерка или модератор? Бисера користи терминологија чие значење не го знае

t

Под притисок на јавноста министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска мораше да се појави на соочувањето на аргументите за реконструкцијата на Универзална Сала со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

До министерката претходно беа упатени неколку покани за средба на која требаше да се презентираат недостатоците на проектот за реконструкција на салата, а воедно доколку министерката мисли дека проектот е во ред, да ја гарантира безбедноста на објектот, работниците и граѓаните со сопствен потпис. Но министерката експресно ги отфрли двете можности.

На денешното соочување на фактите министерката се однесуваше крајно незаинтересирано и кога мислеше дека камерите не се вперени во неа воопшто не ја следеше дискусијата.

Во еден дел на дисусијата министерката практично се прогласи за ненеадлежна и за само нем набљудувач на процесот. Таа изјави дека е таму во улога на модератор.

“Мојата цел беше во функција на модератор да ги поканам сите релевантни институции.” – рече министерката.

Дополнително од видеото може да се заклучи дека министерката не употребува соодветна терминологија и ги меша термините институција и манифестација. Дали тоа е од нервоза заради грешките на нејзината партија или од незнаење?

“Очекувам да добиеме покана за концерт од Град Скопје или до некоја друга манифестација”- рече таа.

Очигледно е потребно разграничување на термините министер, модератор, манифестација и институција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски до СДСМ: Попаметно е пред избори…

НЕ Е ПАМЕТНО СДСМ ПРЕД ИЗБОРИ ДА…

Покана за промоција на Монографијата посветена на…

Неодамна излезе од печат Монографијата посветена на…

Министерот за правда во Франција обвинет за…

Во Франција денеска почна судењето без преседан…

Суспендиран израелскиот министер Елијаху откако предложи да…

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху го суспендира…

Министерство за култура: Скандалозно е како досегашната…

Министерството за култура тврди дека директорката на…