(Видео) Министерот за здравство на САД фаќа змии со голи раце, стана хит на социјалните мрежи
Снимката како американскиот министер за здравство Роберт Ф. Кенеди Јуниор фаќа две змии со голи раце стана виралена, но службениците за диви животни ја предупредуваат јавноста да не го пробува ова дома. Во описот на видеото објавено денеска, Кенеди изјавил дека отстранува влекачи од терасата на својот колега д-р Мехмет Оз во Флорида, пишува Би-би-си.
„Шерил навива додека отстранувам пар црни трчачи од терасата на д-р Оз“, напишал Кенеди, очигледно мислејќи на неговата сопруга, актерката Шерил Хајнс. На снимката, може да се слушне женски глас, веројатно нејзин, како прашува: „Зошто?“.
Видеото го прикажува Кенеди во кошула, панталони и чорапи, но без чевли, како се приближува до змиите, се наведнува и ги зграпчува. Додека се насмевнува на камерата држејќи ги змиите што изгледа го касаат, женски глас вели:
„Боби, те молам“. Неговиот домаќин, д-р Оз, е директор на Центрите за услуги за Медикер и Медикејд, кои се дел од Министерството за здравство, кое го води Кенеди.
Станува збор за вид змија позната како „црн тркач“ која, според Националната служба за паркови, е „неотровна и безопасна за луѓето сè додека не се допре“.
Комисијата за заштита на рибите и дивите животни на Флорида неодамна ги предупреди граѓаните да се држат подалеку од змиите бидејќи тие стануваат поактивни напролет
Ова не е првпат Кенеди да има блиски средби со животински свет. Во април, на Капитол Хил беше прашан за наводите дека го отсекол пенисот на ракун убиен на патот.
Претставничката Аделита Грихалва, демократка од Аризона, го праша Кенеди за време на сослушувањето:
„Утрово прочитав статија за вашата склоност кон самостојно медицинско истражување. Наводно еднаш сте го отсекле пенисот на ракун убиен на патот за да го проучите подоцна“.
Кенеди се соочи и со критики од екологистите пред две години затоа што тврдеше дека со моторна пила ја отсекол главата на мртов насукан кит за да го однесе дома на покривот од својот автомобил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Министерот за здравство на САД фаќа змии…
Снимката како американскиот министер за здравство Роберт…
Кина бара договорот меѓу САД и Иран…
Американските и другите меѓународни претставници изразија претпазлив…
Израел доби зелено светло од САД: „Напаѓајте“
Соединетите Американски Држави денес ги одобрија плановите…
Си-Ен-Ен: Напреднатата возраст на Трамп и заканите…
Кога претседателот Доналд Трамп ја напушти болницата…
„Се помина совршено“, рече Трамп по тричасовниот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот…