(Видео) Мирен протест за поддршка на епископот атаниски, Партениј
Попладневно во центарот на Охрид се одржа мирен протест за поддршка на епископот атаниски Партениј за нов Дебарско-кичевски владика.
– Без народ нема ни црква, порачаа помеѓу другото верниците кои мирно протестираа по охридската чаршија.
На 12-ти јуни 2025 година ќе се одржи седницата на Синодот на МПЦ-ОА во полн состав, на која една од точките на дневен ред ќе биде и Избор на нов Дебарско-кичевски владика, откако остана празен нејзиниот трон по починувањето на владиката Тимотеј, во ноември минатата година. Поглаварот на МПЦ-ОА сега е администратор на оваа епархија, но и на Американско-сиднејската епархија, со кои до неодамна раководеше митрополитот Тимотеј.
Во црковните кулоари периодов наназад се споменуваа повеќе имиња што би можеле да се јават во улога на нови владици во двете епархии.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…
Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…
(Фото) Срби им ги пишуваат соопштенијата на…
Нов гаф во соопштенијата на опозициската СДСМ,…
ФТ: САУДИСКА АРАБИЈА, ОАЕ, КАТАР И ТУРЦИЈА…
Лидерите на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати,…
Јутјуберот Богдан Илиќ ќе добие кривична –…
Според Кривичниот законик на Србија, на Богдан…
Лајен: Неопходен е прекин на огнот во…
Прекин на огнот во Украина е од…