(Видео) Мистериозен остров забранет за туристи: Дом е на најопасното племе на светот
Островот Северен Сентинел се наоѓа во Бенгалскиот Залив, недалеку од бреговите на Индија и Тајланд, а неговото тиркизно море и песочните плажи поттикнуваат на уживање. Но, овој мистериозен остров е забранет за посета од туристи и тоа од многу важна причина.
Имено, овој остров не може да се истражува бидејќи е дом на едно од најопасните племиња во светот кои се подготвени да убијат секого кој ќе им пријде.
Изолираното племе, кое се состои од 500 домородци, е едно од најстарите племиња од камено доба на планетата и го населува островот околу 60.000 години, а тие се подготвени да убијат секој што ќе дојде на нивна територија, поради што е забрането приближување до овој остров и формирана е таканаречена зона на исклучување, која се протега во радиус од 9,3 километри од островот.
Сепак, некои авантуристи дозволија нивната љубопитност да ги надвладее и неколкумина ја преминаа зоната на исклучување со текот на годините, што резултирало со фатални последици.
Неколку рибари премногу се приближиле до островот во 2006 година и наводно биле фатени и заклани, а членовите на племето нападнале и хуманитарци кои сакале да им помогнат по цунамито во 2004 година. Тогаш хеликоптерот кој доставувал храна и пакети за прва помош на островот бил стрелан со копја и стрели.
Последната личност што илегално отпатува на островот беше 26-годишниот американски евангелист Џон Ален Чау, кој беше испратен на островот во 2018 година од мисионери од Мисури со план да живее со племето и да им го проповеда христијанството.
Џон му платил на локален рибар да го однесе на островот, а рибарот го симнал на околу 700 метри од брегот на островот. Според описот на рибарот, племенските припадници со стрели го убиле Џон Ален Чау и го закопале неговото тело на брегот на островот. И покрај напорите на индиските власти, телото на Џон никогаш не беше пронајдено, а седум лица беа уапсени, меѓу кои и рибарот кој му помогна да пристапи до островот.
Инаку, племето наводно сè уште не го откриле огнот, а со рачно изработено оружје од метал го напаѓале секој што ќе им се доближел, но во меѓувреме бил воспоставен пријателски контакт со племето кое сè уште сака да биде изолирано, а индиските власти ја прифатиле нивната желба и секој обид за доближување до островот или воспоставување контакт со домородците се третира како кривично дело.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмалку 151 руски и осомничени руски хибридни…
Пожари во магацини, експлозивни пакети во курирски…
НАПАДНАТ 13-ГОДИШНИК ВО СКОПЈЕ: Родител на негов…
13-годишно момче од Скопје било донесено со…
Голема утеха од Брисел: Напредокот ѝ е…
Напредокот ѝ е потребен на Македонија пред…
Претрес во Куманово, пронајдена дрога, лишени од…
Четири лица се лишени од слобода во…
Лондон до Техеран: Велика Британија нема да…
Британскиот министер за надворешни работи, Ед Милибанд,…