(Видео) Митовски за Инфомакс: Отворање на рудникот за антимон ќе значи голем економски бенефит, но ќе бараме да се запазат сите стандарди!

t

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во емисијата „Тешки муабети“

– Јас сум навистна горд што во изминативе неколку Години, Крива Паланка стана позитивен пример во државата како може едно мало гратче да доживее позитивна трансформација, а сепак сме град со лиминитрани финансиски капацитети како локална самоуправа. Ако во изминатиот период градот беше транзитна зона, градот денес е посакувана туристичка зона. Јас верувајте ми немам друг дом освен Крива Паланка, ниту имам резервен план и не размислувам за друга опција. Јас единствено одговори им должам на моите граѓани кои ми ја имаат доделено довербата и имам обврска да ги заштитам интересите на Крива Паланка, вели Митовски.

Тој потсети дека кога се случи хаваријата со рудникот Тораница, градоначалникот беше прв кој реагираше, потсети на случаите со Агенцијата за грана и ветеринарство и ЈПДП кога Митовски реагираше јавно и институционално во заштита на интересите на Крива Паланка.

За соопштението во кое неговата матична партија СДСМ го напаѓа, Митовски вели дека бил затечен од соопштението.

– Што се однесува за денешното соопштение кое искрено ќе го кажам, јас бев затечен од мојата матична партија, тоа за мене беше тотален шок. Од една страна шок од содржината во соопштението, непријатно за мене да се прочита, од друга страна она што загрижува по однос на непринципиелниот став на тесното партиско раководство, од една страна повикуваат на дебата, а јавно се конфронтираат со својот најуспешен градоначалник и тоа се докажа на последните локални избори. Тврдам дека треба пред да се излезе со јавен став, треба да се отвори внатрепартиска дебата за да се предочат сите аргументи за процесот, вели Митовски.

Градоначалникот додаде дека плата на вработен во рудникот Тораница е од 60.000 до 90.000 денари, покрај намалениот обем на работа моментално.

Со Мицкоски комуницирал на тема рудник Тораница по однос на можното затворање во месец мај, открива Митовски.

– Тоа е единствената комуникација која јас и премиерот ја имавме минатиот викенд, бидејќи затворање на Тораница би значело дека 400 фамилии ќе останат на улица и тоа е сериозен економски удар за градот, објасни градоначалникот.

На прашањето дали смета дека има политичка позадина судирот на СДСМ со него, Митовски вели дека не може да тврди.

Градоначалникот објасни дека ова е почетна фаза, има многу што да се објасни во иднина, но отворање на овој рудник за градот би значело

– Крива Паланка е рударски град, можеби единствената индустриска гранка по која градот во изминатите години се развивал. Во осумдесетите години во тој рудник работеле околу 800 луѓе, а во Тораница околу 1200 луѓе. На нас како Општина постоечките урбанистички плански документации кои ги имаме не ни се со намена за индустриска зона, за потенцијални инвестиции и нови работни места, сето ова, од таа гледна точка, секоја ваква иницијатива нормално треба да се поздрави но и да се пристапи одговорно. Како клучни придобивки за локалната економија, во моментов на Паланка ѝ е потребна една ваква инвестиција за да си ги задржиме луѓето во градот, нови работни места и зајакнување на буџетските капацитети на локалната самоуправа. Но, како Општина и јас лично нема да дозволиме отворање на рудникот по секоја цена, ќе бараме да се запазат сите стандарди и нови технологии во светски размери, вели Митовски.

Сега е потребно да надвладее разумот, порака Митовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Митовски за Инфомакс: Отворање на рудникот…

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…

СДСМ го нападна Митовски: Да не се…

Народот на Крива Паланка треба да се…

Мицкоски: Градоначалникот на Крива Паланка од СДСМ…

Не можеме да го оспориме правото на…

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со…

СДСМ бара за најавата за отворање рудник…

Американци ќе копаат антимон кај Крива Паланка

Американска компанија ќе копа руда антимон кај…