(Видео) Митровски: Според мене момчето кое прво го удира Тот треба да одговара за тешка телесна повреда со смртни последици, не за убиство – тој не продолжува да го тепа

t

Во денешната епизода на “Тешки муабети” гостин во редакцијата ан Инфомакс е адвокатот Јанаки Митровски. Главна тема е убиството на ракометарот Денис Тот кое ја потресе македонската јавност.

Митровски даде свое мислење за квалификацијата на делото:

“Според мене, што не мора да се земе како вистина, оној кој прв го удира Денис Тот не треба да се осомничи за убиство, туку според мене треба да одговара за тешка телесна повреда со смртни последици. Тоа го мислам затоа што тој само го удира момчето и после тие два бокс а не продолжува да го удира за разлика од другите, тој дури и се обидуваше да ја оттргне девојката колку што може.

Другите секако одговараат за убиство, може тука да се добие и потешка квалификација, свирепо убиство кое што според мене е свирепо да удирате некој кој не е при свест.

Особено девојката која е едвај полнолетна…

Се што кажувам треба да се земе со резерва секако, ова е само мое мислење.”

Следете ја емисијата на следниот линк: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=notif&v=570774164634492&notif_id=1650222393676268&notif_t=live_video_explicit

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ