(Видео) Михајловски открива како гласал Извршниот комитет за референдумот: “Лидерот” не организираше ниту еден протест за промена на името, тоа е негова реалност
Во денешната епизода на Тешки муабети нашиот специјален гостин Тони Михајловски објаснува каква била ситуацијата во извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во периодот кога тој беше член на тоа тело.
-Таму беше најматно, на тој извршен за референдумот, имаше два гласови да се излезе и гласа на референдумот, не рекоа да се гласа за, туку да се гласа, јас и уште една колешка бевме гласно за бојкот и тие два гласа никаде во никој извештај не ги спомнаа најверојатно бидејќи беа актуњлни реформаторите. Најголем дел од гласовите беше да се остави на волјата на народот.
И онака беше голем јазол и наместо да се расече тој со мечот да се разреши дилемата на луѓето, ти само доплеткуваш.
Мене најмногу ме изненади лидерот на опозицијата кога го сменија името и тој не организираше ниту еден протест за тоа. Требаше да се крене народот, најголемата голгота, потпишувањето на нашата смрт беше промената на името. После него мислам дека се е нормално, и да се одземе историјата и да се поништи јазикот…
И тој ден денеска не го спомнува тоа, вика тоа е реалност, ама тоа е негова реалност, моја не е. Мојата борба понатака во животот е да си го вратам името и достоинството на мојот народ, вели Михајловски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Брлогот открива уште една агенција за обезбедување…
Благојчо Георгиевски бара од Министерството за внатрешни…
Нови кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ
Во Штип вечерва, ВМРО-ДПМНЕ го одржа своето…
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ „контра премиерот“ и програмата:…
ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една…
(Видео) Мицкоски го знаел Нацев „само од…
Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во владата,…
СДСМ: „Журка со факли среде жалост: Како…
Додека цела Македонија тагува по трагедијата во…