(Видео) Мицкоски го продаде кучата: Oдби да каже дека ќе го раскине Договорот со Бугарија, ќе ги продолжи преговорите со Источниот сосед

t

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостување во вестите на Канал 5 телевизија истакна дека никој не вели дека не треба да се преговара со Бугарија, дополнително одби да каже дали ќе ги раскине Преспанскиот и Договорот за добрососедство со Бугарија ако ја превземе власта.

– Никој не вели дека не треба да се преговара со Бугарија, ниту еден единствен мејнстрим политичар, но проблемот е што тие преговори ги донесовме на иста маса со европската политика. На една маса ќе преговарате за животна средина, образование, економија, владеење на право, а на другата за средновековието. Бадијала ќе се договорите за се ако не се прифатат сите барања на бугарските историчари, вели Мицкоски.

Францускиот предлог кој беше изгласан во Собранието и немаше ниту еден глас против, односно опозициските пратеници ја напуштија седницата, предвидува можност за Бугарија во било која фаза да ја блокира Македонија на европскиот пат, доколку не се постигне согласност за македонската историја, учебници, идентитет и јазикот кој Бугарија нагласи дека не го признава. Сепак основната на францускиот предлог е токму Договорот за добрососедство кој во 2017-га година го потпиша Зоран Заев, договор од кој произлегуваат сите бугарски идентитетски и историски барања.

Практично Македонија преговара за да договори дека Македонија и Македонците постојат само после 1945 година, односно познатата бугарска теза дека сме еден народ во две држави и титова творевина.

Тоа што сите политичари го премолчуваат е дека единствено Македонија од целиот свет и сите членки и кандидати за членки на ЕУ, преговара за јазик, историја, идентитет и култура, кои права се загарантирани со Универзалната декларација за човекови права на ОН.

Мицкоски во обраќањето нагласи и дека Урсула Фон дер Лајен и останатите бугарски политичари имаат чесни намери кон Македонија, но нив не ги интересираат нашите проблеми со Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министрите за одбрана на Бугарија, Романија и…

Трилатерална средба на министрите за одбрана и…

Јотова одби интервју за Си-Ен-Ен, Ѓуров зборуваше…

Кандидатката за нов претседателски мандат Илијана Јотова…

Радев со застрашувачки изјави: Во вториот круг…

Изборите се многу тревожен сигнал за целото…

Каде исчезнуваат „Бугарите“? Само 352 бугарски државјани…

Само 352 бугарски државјани гласале на седумте…

Фон дер Лајен, Кошта и Марта Кос…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…