(Видео) Мицкоски добил корпа од албанската опозиција: Не му одговориле дали ќе коалицираат со него – избегна да одговори што со барањето за промена на Устав

t

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, упатил официјална порака до опозициските партии на Албанците за коалицирање, но одговор досега не добил. Ова тој го изјави денеска по средбата со Управниот одбор на МАСИТ во Скопје, одговарајќи на новинарско прашање дали добил повратен одговор за коалицирање и дали тоа е проследено со одредени услови од опозициските партии на Албанците.

„Упатив официјална порака до албанската опозиција, официјален одговор на мојата официјална порака, до овој момент немаме добиено“, рече тој.

Она кое што дополнително е индикативно за процесите кои што се случуваат во позадина е бегството од одговорот како би правел коалиција со албанската опозиција имајќи го во предвид нивното барање за промена на Устав и внесување на Бугарите во истиот.

Има еден договор меѓу нас, „Вреди“ и ДУИ, не потпишан, туку џентлменски, од пред повеќе месеци, дека европската интеграција би била приоритет за државата. Остануваме на тоа, но временски не можам да кажам „пред да се формира владата“, туку дека ние сме најголемата гаранција за идната влада дека ќе продолжи по европскиот пат, онака како што сакаат повеќето граѓани на Македонија, изјави денеска за МИА претседателскиот кандидат на албанската опозиција, Арбен Таравари.

Тој смета дека шест месеци се добар период во кој треба да поминат уставните измени за земјава да ги почне преговорите со ЕУ.

-Веќе кажав дека треба да има една динамика, временски период до Нова година, потребни се и процедури за изгласување на уставните измени, исто така ќе има парламентарни избори во Европскиот парламент, ќе има и претседателски избори во САД, се очекува дали ќе остане истата или ќе има друга владејачка гарнитура. Мислам дека шест месеци се добар период во кој треба да поминат уставните измени за да ги почнеме преговорите со ЕУ, истакна Таравари пред почетокот на средбата во Стопанската комора на северозапдна Македонија (СКСЗМ).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Не)успешно разоружување на Србија – Бројот на…

Една година по акцијата за разоружување на…

Запленетото оружје од фронтот во Украина атракција…

Западните тенкови и воената опрема запленети од…

Небензја бара меѓународна истрага за случувањата во…

Неопходна е независна меѓународна истрага за откриените…

Гордана Силјановска ќе ја почитува „Северна“ и…

Не планирам да ги тргам таблите со…

Маричиќ: 20 години од големото проширување на…

„Денес ЕУ го прославува 20-годишниот јубилеј на…