(Видео) Мицкоски од Скопје сака да направи град од Третиот Свет: Сенегал доби БРТ пред Скопје поради советниците на ДПМНЕ
Мене ми е многу жал што додека ние во Скопје во 21 век се расправаме дали на јавниот транспорт му е потребна модернизација во Африка пред две недели беше пуштен во употреба „Бас Рапид Системот“ во Сенегал.
Јас сум убеден дека граѓаните не ја дале поддршката и својот глас за да се бојкотира и опструира Градот Скопје, уште помалку за да стагнира и да се уназадува.
И додека Мицкоски се фотографира со знамето на ЕУ тој ги инструира неговите советници да ја саботираат и блокираат набавката на нови автобуси и реализарењето на проектот „БРТ“ кој е финансиски поддржан со 70 милиони евра од сериозна институција како Европската банка за обнова и развој.
Што наметнува постојано едно прашање дали коалицијата за „Обнова на Македонија“ планира да обнови нешто или сака да го направи Скопје град од Третиот Свет? Токму затоа ниту една меѓународна институција не може сериозни да ги разбере, а верувам дека ниту самите не се сфаќаат сериозно.
Фејсбук статус на заменик градоначалникот на Град Скопје, Александар Трајановски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео)Невреме со град го столчи тутунот во…
Силно невреме со град поголем од лешник…
Холандија се откажува од Евровизија
Холандија нема да учествува на Евровизија следната…
Нетанјаху: Иран се обиде да го убие…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во телефонско интервју…
Петмина опозициски градоначалници осудени на затвор до…
Турски суд осуди петмина опозициски градоначалници на…
Вечерва се активни седум пожари, денес на…
Седум пожари од вкупно 21 регистриран на…