Објавено на:

(Видео) Многу јак рејтингот: Граѓани го нападнале Венс додека скијал, го нарекле „куклата на Путин“

t

Потпретседателот на САД, Џ Д Венс, се надевал на опуштен викенд на скијање во Вермонт, но гневните граѓани го пречекаа со транспаренти и со скијачи кои за малку не се удриле во него, пренесува Јаху Њус.

Тој во саботата го посетил одморалиштето „Шугарбуш“ во Ворен, по што се појави снимка од потпретседателот како скија. Неговото лице не се гледа, но посетителите кои биле во Вермонт, истиот ден велат дека тоа е Венс. Претходно, тој беше фотографиран и на скијање во слична јакна како на видеото.

Тој се спуштил прилично бавно, а потоа кон него се пуштиле двајца скијачи. Потпретседателот едвај избегнал судир и поминал без повреди.

Претходно, кога само што пристигнувал на планината, граѓаните го пречекале со транспаренти на кои пишувало дека е „куклата на Путин“. Тој само ги поздравил.

На еден знак, што го држел демонстрант, пишувало: „Венс е предавник, оди скијај во Русија“, објави Јаху.

Војната во Украина е една од жешките теми по расправијата на Венс и на претседателот Доналд Трамп со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, што се случи во петокот во Овалната соба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хаос во авиосообраќајот: Прекини на радарите и…

Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во…

Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…

Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…

Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…

Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…

Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…

Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…

Големо признание за Тамара Котевска – гран…

Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…