(Видео) Модно студио од Битола и тазе фирма од Скопје за 3,8 милиони евра ќе кројат униформи за специјалната полиција!
Модно студио од Битола и нова фирма со српски сопственик добија тендер од 3,8 милиони евра за полициски униформи, пишува 360 степени.
Малото модно студио „Ле Бранд“ од Битола, со скромни приходи и само двајца вработени, заедно со штотуку регистрирана компанија со име Памитекс тим ДООЕЛ чиј сопственик е од Србија, добија тендер од 3,8 милиони евра за набавка на униформи за специјалните полициски единици.
И покрај тоа што станува збор за висока сума и стратешки значајна јавна набавка, избраните фирми немаат богато искуство во изработка на ваков вид опрема, ниту досега имаат реализирано договори од слични размери.
Овој случај го отвора прашањето за критериумите и транспарентноста при доделување на јавните набавки, особено кога се работи за опрема наменета за безбедносни сили.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелски медиуми: Трамп и Нетанјаху имале жестока…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, и израелскиот премиер,…
Семејството Макрон поднесе нова тужба против жената…
Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга,…
Нови детали за трагедијата во Бугарија: Запрен…
Запрен романски камион во возната лента можеби…
(Видео) Иран откри нов подземен „град на…
Иранската револуционерна гарда претстави нов подземен воен…
Норвешка издвојува нови средства за Амазонија по…
Норвешка најави 600 милиони норвешки круни за…