(Видео) Морачанин: Нема да разговараме за предвремени избори!

t

– Сите партии се декларираат како проевропски и очекувам тука сите да бидат конструктивни. Не очекувам дека денес ќе се постигне договор, имајќи ги предвид изјавите на опозицијата дека тие се уште се против, но е добро да има широк консензус и сите да дадат позитивен придонес за овие процеси, изјави претседателката на ДОМ, Маја Морачанин во изјава за медиумите пред почетокот на денешната лидерска средба во Собранието на РМ.

Морачанин кажа дека не знае какви гаранции бара опозицијата за да поддржи уставни измени и дека очекува условите денеска да бидат прецизирани.

– Не знам кои се гаранциите кои опозицијата ги бара, очекувам денеска да кажат какви гаранции се бараат, па да видиме дали и кој моѓе да ги обезбедат.

Според Морачнин условувањата со предвремени парламентарни избори не носат добро никому.

– Тие условувања никому не носат добро, темата е европските интеграции, да се обедбеди консензус по тоа прашање, не е темата предвремени парламентарни избори.

Став на ДОМ е дека фокус треба да ни биде пребродување на оваа криза, но исто така и она што е наша заложба, сакаме овие реформи кои се неопходни за државата се спроведуваат поефикасно и побрзо, треба да се овозможи прогрес на општеството, рече Морачанин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Правдата за злосторството врз Вања е блиску,…

Грозоморното и свирепо убиство на 14 годишната…

Им лeтнaло врапчето: Морачанин бара министерство за…

Претседателката на ДОМ Маја Морачанин пред средбата…