(Видео) Мојсоска: Да ние сме за апсолутен прекин на преговорите со Бугарија

t

Ќе остане запишано дека ние сме единствена земја која брусела шахти за да влезе во ЕУ, вели во денешната епизода на Тешки муабети.

– Точно, ние сме со различна позиција од ДПМНЕ, ние успеавме во последните две години да го потсетиме народот дека ние сме победички народ, а сега треба да преговараме со поразените од Втората светска војна.

А ЕУ треба сама да се реформира најпрво, а јас тврдам дека додека ДУИ е дел од било која власт кај нас, ние не можеме да помислиме на ЕУ. Ќе дојдеме во позиција да ги внесуваме Бугарите во Устав, а да не блокираат за корупција.

Не може овие две партии да тврдат дека ќе ја внесат ЕУ во Македонија кога не можат едни учебници да испечатат, вели Мојсоска.

– Прво ДПМНЕ имаа став протов, па сега гледам пратениците велат дека сакале некој добар гест, некакви гаранции, па каков е тој добар гест од држава која те асимилира. А дека некој ќе издејствува подобар договор од држава која почива врз живковистички темели, тоа е замајување на народот.

Да ние сме за апсолутен прекин на преговорите со Бугарија, нагласи Мојсоска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

Македонија со пониска инфлација од просекот на…

Годишната инфлација во Европската Унија во септември…

ЕУ бара Канада и Велика Британија да…

Европската Унија се подготвува да ги убеди…