(Видео) Мојсоска: Клиниката за детски болести е узурпирана од кланот Мемеди 

t

– Алајдин Мемеди, братучед на неформално назначениот нов медицински директор, д-р Реџеп Мемеди, со консултантски договор, е ,,легално” ангажиран да управува со Клиниката за детски болести, па оттука Клиниката е узурпирана од кланот Мемеди – изјави денес за ,,24 Вести”, генералниот секретар на Левица и народен пратеник, Јована Мојсоска. 

Мојсоска потенцираше дека преку новата Влада, кланот Мемеди има изнајдено начин за да го заобиколи законот и двајцата братучеди да продолжат да „управуваат” со Клиниката за детски болести. 

– Оваа клиника повторно е узурпирана од кланот Мемеди, односно се работи за двајца братучеди од кои моментално за директор назначен е Реџеп Мемеди, додека, пак, како консултант е ангажиран неговиот братучед, Алајдин Мемеди – рече  Мојсоска. 

Пратеничката од Левица, Мојсоска, потсети дека поранешниот пратеник на Алтернатива, кој стапи во Коалицијата ВРЕДИ како член на Демократско движење, Реџеп Мемеди, е назначен за медицински директор и го ангажирал поранешниот економски директор како консултант во Клиниката од која е тужен поради исплаќање плата со повисок коефициент на самиот себе, а беше разоткриен од Фондот за здравствено осигурување и ДЗР во 2022 година и суспендиран поради ова дело. 

– Она што е скандалозно е што во минатото токму Алајдин Мемеди беше ангажиран како економски директор на оваа клиника и поради малверзации, тој беше разрешен уште во времето на СДС и ДУИ – додаде Мојсоска. 

Левица настојува ДЗР и ДКСК итно да ја проверат работата на клиниките и да утврдат дали постојат овие злоупотреби за кои во јавноста предочуваат вработените во самата клиника.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Мојсоска: Клиниката за детски болести е…

- Алајдин Мемеди, братучед на неформално назначениот…

Левица: Мицкоски го продолжува историскиот ревизионизам започнат…

Мицкоски го продолжува историскиот ревизионизам започнат од…

Уставното име е Република Македонија – делегација…

На денешен ден 1991 година е одржан…

Црвена младина: 33 години зависни од ЕУ…

На 8-ми септември 1991 година, Македонија официјално…

Левица: Владата со нови 65 милиони евра…

Министерството за финансии преку две аукции на…