(Видео) Мојсоска: Клиниката за детски болести е узурпирана од кланот Мемеди
– Алајдин Мемеди, братучед на неформално назначениот нов медицински директор, д-р Реџеп Мемеди, со консултантски договор, е ,,легално” ангажиран да управува со Клиниката за детски болести, па оттука Клиниката е узурпирана од кланот Мемеди – изјави денес за ,,24 Вести”, генералниот секретар на Левица и народен пратеник, Јована Мојсоска.
Мојсоска потенцираше дека преку новата Влада, кланот Мемеди има изнајдено начин за да го заобиколи законот и двајцата братучеди да продолжат да „управуваат” со Клиниката за детски болести.
– Оваа клиника повторно е узурпирана од кланот Мемеди, односно се работи за двајца братучеди од кои моментално за директор назначен е Реџеп Мемеди, додека, пак, како консултант е ангажиран неговиот братучед, Алајдин Мемеди – рече Мојсоска.
Пратеничката од Левица, Мојсоска, потсети дека поранешниот пратеник на Алтернатива, кој стапи во Коалицијата ВРЕДИ како член на Демократско движење, Реџеп Мемеди, е назначен за медицински директор и го ангажирал поранешниот економски директор како консултант во Клиниката од која е тужен поради исплаќање плата со повисок коефициент на самиот себе, а беше разоткриен од Фондот за здравствено осигурување и ДЗР во 2022 година и суспендиран поради ова дело.
– Она што е скандалозно е што во минатото токму Алајдин Мемеди беше ангажиран како економски директор на оваа клиника и поради малверзации, тој беше разрешен уште во времето на СДС и ДУИ – додаде Мојсоска.
Левица настојува ДЗР и ДКСК итно да ја проверат работата на клиниките и да утврдат дали постојат овие злоупотреби за кои во јавноста предочуваат вработените во самата клиника.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Три години се крши Законот за…
На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…
СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на…
Соопштение на СДСМ Левица најави дека во…
Левица: Ако за нешто треба да се…
Не се точни изјавите на Мицкоски дека…
Левица бараше една изборна единица и укинување…
Обвинувањата на ДПМНЕ за Левица се трагикомични.…
ВМРО-ДПМНЕ: Венко Заев и Апасиев се обединија…
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДС и Левица со…